Епизода 1
Во првата епизода од неговата петта сезона, Цако на гости ги донесе Сара Кочан, Денис Јанкуловски и Ана Беќарска. Зборуваат за златниот медал на Dancers United MK на Светското првенство за хип-хоп танци, нивниот настап на Сонуваме.Менуваме vol. 3 – Концерти со 5+ Фамилија, како и претстојната Необична новогодишна прослава.
Емитувано на 19.12.2018
Епизода 2
Во последната емисија за 2018-та година од петтата сезона на емисијата Јас сум Цако, во празнична еуфорија на Александар Матовски – Цако му гостуваа Росица Колева, Снежана Матовска и Мирослав Драганов.
Емитувано на 27.12.2019
Епизода 3
Третата епизода од својата емисија Цако ја посвети на медиумите, медиумската писменост и инклузијата. Друштво/гости во студиото му беа долгогодишната новинарка и основач на ПИНА, Кристина Озимец и Сузана Стојановска од невладината организација Трисомија 21, заедно со Никола и Денис.
Емитувано на 23.01.2019
Епизода 4
Гости во четвртата епизода во емисијата “Јас сум Цако” беа Ребека Јанковска Ристески, Весна Алексова и Дамјан Николовски. Зборувавме за лицата со ретки болести, лицата со посебни потреби, како и за лицата со дислексија, придружено со музичкиот избор на Цако.
Емитувано на 20.02.2019
Епизода 5
Овaа емисија ја посветува на месецот март – 21 Март е денот на поезијата и на лицата со Даунов синдром. Исто така на овој датум започнува пролетта. Во нашето студио ни гостуваа убавите, насмеани, полни со љубов и енергија Цеце и Марче од Утринска на Телма. Проверете што имаа да ни кажат, на супер дружбата со наш Цако.
Епизода 6
Супер дружба во нашето радио ни приреди Цако, заедно со неговите гости, Лила Милиќ, трансродова личност, Ариф Адеми член и основач на Здружението на правници роми и Биљана Кузмановска Николовска тренер по мечување. Тие преку своите приказни зборуваа за дискриминацијата врз лицата со попреченост, ЛГБТ заедницата и Ромите.
Епизода 7
Во најоткачената емисија за оваа сезона, Цако ни раскажа неколку успешните приказни. Слушнете ги успешните приказни, и добијте голема инспирација од нив. Можеби вашата приказна е следна за кај Цако во емисија.
Епизода 8
Во претпоследната епизода на „Јас Сум Цако“, Билјана Кузмановска, активистката Ива, Виолета Колева и Сузе ги коментираа случувањата во врска со ново отворениот Центар за Даунов синдром.
Епизода 9
Нашиот Цако беше многу вреден во овие топли денови и ни спреми бонус епизода. Заедно со Александар Манасиев – Мано ни направија осврт на работата на дечките од Види Вака. Преслушајте што има да каже Александар за работењето на Види Вака како и за целиот тим вклучен за оваа одлична платформа. Ова е последната епизода од Jas Sum Cako за оваа сеозна. Се гледаме на есен.