„Вака се управува со заштитено подрачје. Ова е пример за сите не само во регионот, туку и пошироко во ЕУ. Како да заштитиш хабитати, видови, како да обезбедиш чист воздух со обезбедување на дрва за греење, редица придовки кои само ние ги можеме тука, Homo Macedeonicus, ssp. Idioticus. Под покровителство на Град Скопје, градот кој се грижи за Водно“.
Вака иницијативата Го сакам Водно реагира на последната сеча на заштитената Парк-шума Водно, каде деновиве се исечени голем број дрвја на сметка на гасоводната траса. Од иницијативата најавија дека ќе бараат одговори од надлежните, бидејќи, како што рекоа, сечата се прави без решение за измени во тек на градба, односно одобрението за сеча на шумата на Водно била издадена врз основа на претходната верзија на трасата.
Во продолжение, фотографии од Водно кои ги објави иницијативата: