Нов сингл на Роботек – „Italian Aerial Lines“

 

Овој петок (19 април) во Капан ан, PMG го претставува последниот сингл на Роботек – „Italian Aerial Lines“. Роботек го подготвува новиот, трет по ред албум, кој треба да излезе пред крајот на пролетта. “Italian Aerial Lines” е втор по ред сингл кој го најавува новиот албум и ќе се појави за бесплатен download на веб-страницата на PMG. Вечерта заедно со Роботек ќе настапи и Мирко Попов.