Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори два нови предмети по допрен глас – случајот со нелегалните платформи на Матка, како и за случај за корупција во политиката, која се однесува на вработување двајца правници во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за време на изборен процес.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница истакна дека за отворените предмети ќе бараат документи од Општина Сарај, односно од АВМУ. За случајот со Матка, Ивановска соопшти дека одлучиле да постапуваат бидејќи институциите се прогласиле за ненадлежни.
Ивановска најави дека можно е да отворат предмет и за случајот со плажите во Струга.