My Bloody Valentine, Azealia Banks, Calexico и The Bots се првите имиња кои ги објавија организаторите на фестивалот Теранео, кој оваа година ќе се одржи од 7 до 9 август во хрватскиот град Шибеник.
Покрај овие, на фестивалот ќе нстапат и домашните, хрватски бендови Svi na pod, Postolar Tripper, Kawasaki 3P, како и словенечката група Icarus Down. Организаторите на почетокот на мај ќе објават и нови изведувачи. Влезниците за фестивалот се пуштени во продажба денеска (16 април) по цена од 359 куни (47 евра).
Погледнете го ова видео, кое најдобро ја отсликува атмосферата на Теранео: