Новиот краток филм на Даријан Пејовски, еден од најнадежните македонски режисери од помладата генерација, премиерно ќе биде прикажан вечерва во 18 часот во киното Синеплекс (сала 8).
Пејовски е и автор на сценариото на својот краткометражен филм насловен „409“. Главните улоги ги толкуваат искусните актери Симеон Дамевски и Ирена Ристиќ. Продуценти се Горан Ацевски, Кристијан Ристески и Јовица Пановски. Кинематографер е Димо Попов,сценографијата е на Срѓан Митровиќ, музиката ја напиша Александар
Пејовски, монтажер е Горјан Гешоски, а костимограф е Розе Трајческа Ристевска.
Филмот е во продукција на Марни Филмс и Вертиго Висуал и е поддржан од Филмскиот фонд.
Филмот раскажува приказна за човек кој во општествена смисла e успешен, реализиран и
среќен, но стегите на заедницата го притискаат до момент кога ќе почувствува недостиг на емотивна сатисфакција, по што доживува психолошка криза.
Извор: Нова ТВ