Македонската делегација се врати со осум медали од Специјалните летни олимписки игри кои годинава се одржаа на Блискиот Исток, во Абу Даби и Дубаи. Три златни медали во пливање, три бронзи и сребро во атлетика, бронза во кошарка и второ место во латино танци, е резултатот на нашето учество во овие игри, каде учествуваат атлети со интелектуална попреченост.
За успехот на македонскиот тим на Специјалните летни олимписки игри во Абу Даби, во емисијата „Јасно и гласно“ зборуваат кошаркарскиот тренер Радован Петровиќ, младите кошаркари Филип Ангеловски и Горјан Стојковски и шефот на делегацијата, Елена Зисовска.
Јасно и гласно: Со спорт до инклузија
Ја следите емисијата „Јасно и гласно“ на Радио МОФ, посветена на успехот на македонскиот тим на Специјалните летни олимписки игри во Абу Даби. Гостуваат кошаркарскиот тренер Радован Петровиќ, младите кошаркари Филип Ангеловски и Горјан Стојковски и шефот на делегацијата Елена Зисовска.***Оваа содржина е поддржана од National Endowment for Democracy (NED), со цел да поттикне активизам и социјална инклузија, истовремено нудејќи веродостојни информации и борејќи се против ширењето на дезинформации кај младите преку мултимедијалната платформа Радио МОФ (www.radiomof.mk).
Posted by Радио МОФ on Thursday, 28 March 2019