Околу 700 илјади граѓани од 1 до 30 април ќе добијат претпополнета Годишна даночна пријава на своите електронски профили на Управата за јавни приходи.
Што треба да правите со електронската Годишна даночна пријава? Што доколку забележите некакви грешки или некои податоци треба да се корегираат? Што доколку сте внеле погрешен мејл или сте ја заборавиле лозинката за најава на системот на УЈП?
На овие прашања, во новата епизода на „Што е Муабетот Со…“, разговараме со раководителот на контакт центарот на УЈП, Михајло Михајлов.