Целовечерен настан на кој ќе се презентира електронска музика – фестивалот „Relive“ ќе се случува претстојниов викенд (20 април) во Тетово. Идејата за настанот потекнува од тетовските клубови „Републик“, “Амнезија“ и „Медисон“ кои сакаат на публиката да и приредат несекојдневен музички настан.
Покрај домашните имиња: Александар Галовски – Пилот, Марга Сол, Дени Бегич и Оливер Петковски, ќе настапи бугарскиот диџеј Juan Alvarez како специјален гостин на забавата.
Неговата кариера започнува во 1994 година а денес се смета за еден од најуспешните диџеи од Софија. Фестивалот ќе се одржи во салата на Спортскиот центар во Тетово со почеток во 21 часот. Цената на влезниците изнесува 150 денари до 23 часот и 200 денари потоа.
Бобан Костадиновски