Платформата Гледај.мк, која критички го следи театарот и филмот, на 11 април ќе го прослави првиот роденден со филмска проекција и дискусија во МКЦ.
Ќе биде прикажан филмот „Колива“ во режија на Андреј Илиевски Волкашин и продукција на Veda Film Productions. По проекцијата ќе се одржи и дискусија за филмот заедно со продуцентката Елена Станишева, сценографката Илина Ангеловска и актерот Симеон Мони Дамевски.
Повеќе информации за настанот може да најдете на следниов ЛИНК, додека организаторите информираат дека сите заинтересирани за филмската проекција треба да резервираат место преку прашалникот достапен на овој ЛИНК, поради ограничениот број на места во Џебното кино.