„Фестивалот на лошо потрошени пари – 2014 прошетки (низ Центар)“, кој го организира „Плоштад Слобода“ вчера застана зад спомениците на Филип и Олимпија Македонски кои чинат 7 милиони евра. Граѓански активисти, универзитетски професори и интелектуалци ги споделија нивните идеи за тоа како попаметно би ги потрошиле парите вложени во овие споменици.
Говорници:
Тамара Атанасоска — граѓански активист
Неда Коруновска — истражувачка
Артан Садику — граѓански активист
Никос Чаусидис — професор по археологија и историја на уметност
Роберт Алаѓозовски — писател
Марија Аргирова — граѓански активист
2014 прошетки (низ Центар) продолжува денеска (19 април) на Мостот на уметноста на кеј 13 ноември во 18 часот.