Градскиот дувачки оркестар, денеска(14.04) со почеток во 11 часот, ќе одржи параден концерт во Градскиот парк во Скопје.
На концертот ќе бидат изведени познати музички маршови од домашни и странски автори.
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари, како и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечена нота.