Зошто сексуалноста е тема која сѐ уште се потиснува? Навистина ли со сексуалното образование ќе можеме послободно да зборуваме за неа? Има ли разлика меѓу некогашните и сегашните политички гарнитури и креатори на образовни политики?
Ова се дел од прашањата кои ќе бидат отворени на 18 април од 19 часот во ЕУ ИнфоЦентар, каде ќе се одржува настанот „ФилоССОфија“.
„Ќе зборуваме за сексуалното образование некогаш и сега, ќе уриваме табуа и ќе рушиме митови со факти! И башка, ќе ја демистифицираме сексуалноста низ призмата на философијата“, се вели во настанот организиран од ХЕРА.
Според организацијата, да се зборува на овие теми е потребно и важно затоа што младите можат да бидат здрави и среќни само ако се информирани и образовани.
„Тоа го знаат и Лина Даневска и Теодора Милевска, врсничките едукаторки од ХЕРА Млади, па ќе ни зборуваат за сексуалноста и за сеопфатното сексуално образование денес, а по нив ја продлабочуваме дискусијата и патуваме низ времето со единствениот професор по философија и филм Стефан Сидовски“, соопштува ХЕРА.