Младински образовен форум ве кани на бесплатното предавање „Finance for Non-finance” со Данчо Димков, што ќе се одржи на 22 април. Предавањето започнува во 18 часот во Јавна соба (ул. 50 Дивизија бр.22) и ќе биде на македонски јазик.
Ќе имате можност да научите повеќе за:
- Корисници на финансиски информации
- Основни финансиски поими (приход, трошок, профит, загуба)
- Директни и општи трошоци фиксни и варијабилни трошоци
- Платите како трошок
- Амортизација – што е и како се користи/пресметува?
- Видови на приход
- Предвидување на план на продажба
Данчо Димков е сериски претприемач со докажано искуство во започнување на бизниси, како и помагање на други стартапи и мали и средни претпријатија. Академски, тој е М-р за Претприемништво и ExMBA за Mенаџмент. Комбинирајќи искуство и академско знаење, во 2016 година ја основа консултантската компанија за менаџмент BizzBee Solutions – која поддржува 200+ претприемачи и стартапи.
Предавањето е дел од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој во државата се спроведува од страна Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), со поддршка од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).