Охридско лето доби високо признание на ЕФА самитот во Лисабон

Фестивалот Охридско лето е на високото трето место во Европската Асоцијација на Фестивали која вклучува 100 фестивали од 40 земји, оценија делегатите на годинешново Генерално Собрание на Асоцијацијата што се одржа од 14-ти до 17-ти во Лисабон, Португалија.

Ваквото признание се должи на квалитетот на програмата којa се нуди изминативе 59 години, врвните светски имиња кои настапиле на фестивалската сцена како и фактот што Охридско лето е еден од најстарите Фестивали меѓу сите членки на Асоцијацијата.

Претставниците на европските фестивали-членки на Асоцијацијата исто така биле едногласни и во одлуката Охрид да биде домаќин на Генералното собрание на бордот на директори на ЕФА, кој брои 23 делегати од цела Европа, следната година кога Фестивалот Охридско лето слави јубилеј, 60 години успешно постоење.