Инстаграм планира да го скрие бројот на лајкови под објавената фотографија.
Оваа опција веќе со денови ја забележуваат дел од корисниците. Пораката што ја добиваат од апликацијата е:
„Сакаме вашите следбеници да се фокусираат на тоа што споделувате, а не колку лајкови имаат вашите објави“.
Само лицето што објавило фотографија има можност да го види бројот на лајкови под сликата.