Со претставата „Секвенци – Минато/Сегашност/Иднина“ завршува уште едно издание на Танц Фест

Утревечер во 20 часот на сцената на Македонскиот народен театар ќе се одржи претставата „Секвенци -Минато/Сегашност/Иднина“ на танцова група од Ханџо, Кина во кореографија на Рисима Рисимкин, со што официјално ќе биде затворено 15-то јубилејно издание на фестивалто.

Програмата на јубилејното издание на Танц Фест беше посветена на младите и на домашните достигнувања.

Во претставата „Секвенци -Минато/Сегашност/Иднина“ учествуваат петнаесет млади танчери, кореографијата е на Рисима Рисимкин, музиката е на Тони Китановски, а костимите на кинеската костимографка Бинг Шјиангзи.

„Секвенци се приказ на идејата за физичкото тело, поставено во различни временски рамки. Преку интерактивна соработка со танчерите, создадовме слики за Минатото, Денешнината и Иднината“, се вели во соопштението.

Настапуваат: Јунмин Хуанг, Шјиао Чен, Сихиу Њанг, Хаовеј Хуанг, Ке Зуо, Вангинг ВУ, Ѕанг Занг, Шјиаокинг Ли, Шјиаолинг Ѕанг, Ченгјанг Танг, Шјиоје Чен, Јаји Ченг, Тијанки Лан, Менџинг Хе.

На затворањето на фестивалот ќе бидат доделени и дипломи за младите уметници кои годинава во голем број учествуваа во програмата, преку три уметнички категории, музика: Мартин Тренески, Дино Хридџиќ, Благојче Стојчевски, современ танц: Викторија Коцева, Антонија Димитиревска, Јоана Балгадуша, Ангела Михова, Јана Костоска, Јана Бунгурова, Клара Христовска, Стела Поповска и од визуелни уметности: Милена Миленкоска и Александра Јанкоска.