Пејачката на познатиот југословенски и српски рок бенд „Дисциплина кичме“, Маринка Ѓорѓевиќ Мања, почина вчера во 51 година од животот. Веста за нејзината смрт ја објави групата на својата официјална Фејсбук страница.
-Нè напушти нашата најубава Мања!Маринка Ѓорѓевиќ“, се вели во краткото соопштение.
Ѓорѓевиќ ѝ се придружи на групата пред десетина години и заедно снимија три албуми.
Пред само два дена Д Фестивал соопшти дека групата ќе настапи во Дојран на 13 јули.