Свирка на „The Truth“ и „Addenda“ во СЦ „Дуња“

Претпрвомајски расположени, дечките од Социјалниот центар „Дуња“ вечер (сабота, 27 април) повикуваат на уште една свирка на хардкор-панк бендови од регионот и пошироко.

Први се најавени „The Truth“, политички хардкор панк состав од Краљево и Загреб.

Исто така, свој настап ќе има и „Addenda“, брз хардкор панк бенд од Барселона.

Влезот е на стандардна препорачана донација за бендовите, а свирката започнува во 20 часот.