Младинската невработеност на македонските граѓани останува една од најголемите во Европа. Пред секои избори устите на политичарите се полни со ветувања за решавање на овој проблем, но и понатаму скоро половина од младите во Северна Македонија се невработени.
Во оваа епизода на Мегафон, редакцијата на Радио МОФ провери кои мерки владата ги нуди за намалување на младинската невработеност и каков е нивниот ефект, но и за тоа каде се синдикатите во целата приказна и колку се штитат работничките права на младите.
Новиот подкаст слушнете го на плејерот во продолжение: