Вечер на кратки филмови од млади режисери во кумановскиот „Трајко Прокопиев“

„Drim Short“ и „Art Mania“ во соработка со НУЦК ,,Трајко Прокопиев”- Куманово на 3 мај (петок) организираат вечер на кратки македонски филмови на млади режисери.

На програмата се филмовите „Иднината е наша“ на режисерот Андреј Георгиев, „Заб“ на Ајдин Ислами, потоа „Награда“ од Лидија Мојсовска, „Ќе дојдат децата“ од Ана Јакимска и „Црно и бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева.

Влезот за проекциите е 100 денари, а за ученици 50 денари.

Вечерниот настан започнува во 20 часот во кумановскиот културен центар „Трајко Прокопиев“.