Премиера на „Торба полна кашлици“ во „Кино Култура“

На 6 мај (понеделник) во „Кино Култура“ од 20 часот ќе се одржи премиера на „Торба полна кашлици“, театарски проект кој пробува објективно да ги обвини двете страни кога нешто не функционира.

„Театарски проект кој пробува внимателно да зачува приказна која постојано лета во ветер.  ‘…Злобни се оние кои сожалуваат. Гневни се оние на кои им е доста…’“, стои во најавата за театарскиот проект.

Во претставата играат Дениз Ајдаревиќ, Антонио Ташковски, Филип Георгиевски, Енис Билаловиќ, Ведран Чешарек и Анастасија Илиевска. Режијата е на Петар Тргачевски.

Цената на билетот е 150 денари. Резервации на: petar.wns@gmail.com +38977859341.