Претставата „Човек перница”, која е правена по истоимениот текст од Мартин Мекдона, ќе биде премиерно прикажана вечерва во Драмски театар – Скопје од 20 часот.
Авторската екипа ја сочинуваат Јане Спасиќ – режија, Марко Јанев – сценограф, Фросина Стојановска – асистент на сценографија, костимограф – Ирина Тошева, музика – Дарија Андовска, дизајн на светло – Владимир Димоски, превод на текст – Горјан Милошевски и Јане Спасиќ.
Улогите ги толкуваат: Зоран Љутков, Филип Трајковиќ, Златко Митрески, Соња Стамболџиоска, Симона Димковска, Дамјан Цветановски, Анастасија Аневска и Михаил Стојановски.
Претставата овој месец ќе се игра на 11, 17 и 22-ри на мала сцена во Драмскиот театар.