Министерот за култура Асаф Адеми си поднесе оставка

Министерот за култура Асаф Адеми поднесе оставка од функцијата. Одлуката ја соопшти на денешната прес-конференција во партиското седиште на „Алтернатива“.

Адеми истакна дека оставката ја поднесува поради здравствени причини, во консултации со партискиот лидер Африм Гаши.

Тој ќе остане на функцијата додека не дојде негова замена.

Инаку, Асаф Адеми е втор министер во актуелната Влада кој си дава оставка од оваа позиција, откако претходно функцијата министер за култура ја водеше Роберт Алаѓозовски.