Младите Викторија Панова и Марко Инѓилизов од велешката гимназија „Кочо Рацин“ го освоија среброто на овогодинешното финале на европскиот квиз на парите кое го организираше Европската банкарска федерација (ЕБФ). Тимот од Северна Македонија заврши втор, веднаш зад тимот од Словенија, во конкуренција од 28 европски земји.
Панова и Инѓилизов учествуваа на еропското финале откако остварија најдобри резултати на националниот натпревар кој го организираше Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка, Комисијата за хартии од вредност и Министерството за образование и наука.
„Ваквиот успех на младите велешани е од огромно значење за нашата земја која е дебитант на ваквото натпреварување“, велат од Народна банка.
Тие, покрај одликувањето за освоеното второ место, од ЕБФ добија и награда од 2.000 евра наменета за нивното средно училиште од каде што доаѓаат. Овие средства училиштето ќе ги искористи за проекти од областа на финансиската едукација по сопствен избор.
Националното натпреварување во рамки на Европскиот квиз на парите е еден од најмасовните натпреварувачко-едукативен карактер наменет за ученици, организиран во земјава изминативе неколку години.
„Националното натпреварување во рамки на Европскиот квиз на парите е еден од најмасовните, а можеби и најмасовен, настан од натпреварувачко-едукативен карактер наменет за ученици, организиран во земјава изминативе неколку години. Постигнатиот успех на меѓународно ниво ќе биде дополнителен мотив за уште поголемо вложување во организацијата на ова натпреварување кај нас и во текот на следните години и за испраќање наши претставници на европското финале“, велат од Народна банка.