За еден месец завршува школската година, а матурантите ќе се најдат на нова раскрсница каде ќе треба да одлучат каде понатаму. За тоа колку е тешко да се избере идната професија и како образовниот систем може да помогне во насочување на учениците, разговаравме со матурантката Катерина Иванова од гимназијата „Георги Димитров“ и психологот Ана Поп Ризова од гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Дискусијата е дел од веб-серијалот #НаЧас на Радио МОФ.