Со цел покревање на јавната свест за лицата со аутизам, прифаќање на нивната различност и вклучување во општеството, невладината организација „Аутизам ААМК“, во соработка со повеќе македонски уметници, ја создадоа песната „Растеме заедно“. Песната и спотот се од хуманитарен карактер и во нивното сoздавање сите учесници учествуваа доброволно.
„Растеме заедно“ е песна за љубовта, за дружењето, за насмевки и прегратки, за заедничкото. Песна која покажува дека иако имаме разлики сепак сите сме многу слични а она што сите најмногу го сакаме од се е да растеме заедно. Или едноставно „Растеме заедно“ е Гуш и Бац. Во песната учествуваат врвни уметници кои и дадоа еден посебен белег“, велат од „Аутизам МК“.
Во видеото се вклучија Кристина Арнаудова, Весна Гиновска Илкова, Никола Перевски Пере (Нокаут), Лилјана Атанасова Лили, Дани Димитровска, Miyatta, Драган Спасов Дац, Петар Младеновски (Суперхикс), Филипа Гелевска, Горан Трифуновски (Пеперминт), Ана Трифуновски (Пеперминт), Бранислав Николов (Фолтин), Ева Ѓорѓеска.