Десетте градови низ Македонија кои се вклучија во акцијата „Нахрани 10.000“ собраа 6 тони храна наменета за социјално загрозени категории лица и семејства.
Илјадниците граѓани и десеттината компании кои се вклучија во акцијата донираа: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа кокошкина, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
При собирањето на храната помогнале над 200 волонтери од дваесеттина организации, кои изминатиот период ја пакуваа храната во пакети и да ја делеа на социјално загрозените граѓани од нивните општини.
„Акцијата покажа дека хуманоста е силна страна на нашите сограѓани, па затоа се надеваме дека ќе се зголеми нивниот интерес со посебен фокус на компаниите“, велат од „Сите сити“, организатори на акцијата.