Во кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе се одржи премиера на краткиот филм „СК2020“ (работен наслов „Здив“) во сценарио и режија на Радован Петровиќ.
„Филмот ја третира темата на загадувањето и дилемата на едно македонско семејство дали да ја напушти државата. Филмот се снимаше оваа зима на локации во Скопје“, информираат од „Кино Око“.
Главните улоги ги толкуваат Верица Недеска-Трајкова, Зоран Љутков, Анастасија Аневска, Торијан Азгоур и Катерина Коцевска. Продуценти се Роберт Насков и Сања Тодоровска-Арсова.
Тонската постпродукција се одвиваше во „Аудиохаус“, а видео постродукцијата во „Фх3х“. Филмот е во продукција на „Кино око“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија.