Четириесет илјади примероци од учебници објавени со средства за издавачка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе бидат отстапени на факултетите и институтите во состав на Универзитетот. Одлуката е донесена на последната, 172. седница на Скопскиот универзитет.
„На овој начин се презентира и афирмира творечкиот труд и научните достигнувања на кадровскиот потенцијал на УКИМ и се збогатува стручниот литературен фонд неопходен за студентите во текот на нивното студирање. Отстапувањето на учебниците на библиотеките на факултетите и институтите е без надоместок“, информира УКИМ.