Членовите на Младите можат организираат филмска вечер утре од 19 часот во просториите на У-Peer во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“. Ќе се прикажува филмот „Eternal Sunshine of The Spotless Mind”
„Темата која ја спомнавме е психологијата на љубовта. Нешто што отсекогаш постоело да ги спои луѓето, да ги разбуди емоциите и да не потсети на добрите страни на животот. Но, понекогаш не оди се по план и толку убав поим како овој може да растажи многу срца. Ајде да поразговараме во врска со оваа безвременска тема и да споделиме по некое наше искуство или став“, велат организаторите во описот за настанот.
Во дискусијата ќе учествува и Ивана Станковска, која работи како семеен советник од советувалиштето „Психолошко катче – Мандала”.
Влезот е бесплатен и отворен за лица над 14 годишна возраст.
Бидејќи бројот на присутни е ограничен, потребно е претходно да се потврди присуство на следниот ЛИНК.