Во галеријата „Колектив“ утре (5 јуни) ќе биде отворена првата изложба на ученици од ЈУБ (јазично уметничко Б) од Средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“.
Почетокот на настанот е од 20 часот.
„Инспирирајте (се). Ценете и сакајте ја уметноста. Сонувајте, Ве молиме и љубиме“, стои во најавата за утрешната изложба.