Шведската тинејџерка Грета Тунберг, која последнава година поттикна илјадници еко-движења низ светот и стана симбол на борбата против климатските промени, доби 15 метарски мурал во Бристол од познатиот британски уметник Џоди Томас.
Грандиозното дело ја прикажува Грета, која сега има 16 години, прекриена со ледена вода до носот и опкружена со мраз кој се топи, додека над неа е прикажано небо кое најавува бура.
Томас работел две недели на создавање на муралот, кој е дел од Апфест, најголемиот европски фестивал на улична уметност. На неговиот Инстаграм профил може да се погледне целиот процес на изработка на делото:
View this post on Instagram
Грета Тунберг беше именувана од магазинот „Тајм“ помеѓу највлијателните тинејџери за 2018 година и инспирираше стотици илјади ученици низ светот да одржат штрајк барајќи од своите власти посериозен пристап кон решавање на проблемот со климатските промени. Норвешки пратеници претходно оваа година ја номинираа Тунберг за Нобеловата награда за мир, како признание за нејзиниот активизам.