Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија утре (6 јуни) од 21 часот свој концерт ќе одржи музичарот Хови Рив од Глазгов, Шкотска.
„Она што правам како музичар е прилично холистичка работа. Одам на тури и се вљубувам во луѓе и места. Потоа таа љубов ја враќам во Глазгов и го сакам Глазгов уште повеќе“, ќе рече Рив.
За Хови Рив, она што е важно се врските и заедниците.
„Toa го покажува низ неговите живи свирки, полни со анархичен акустичен бас, нежна хуманост и непристојни разговори. Неговите потресни, духовити, инвентивни и импресионистички песни носат малку радост на стотици места низ целиот свет“, се вели во најавата за настанот.
Донација за концертот изнесува 100 денари.