Аргентинското дуо „Mueran Humanos“ ќе настапат на деветтото издание на фестивалот „Здраво млади“ кој ќе се одржи на 31 август на нова локација – паркот на МКЦ, архитектонското тело (приклучок) отворено во склоп на Скопје креатива 2019, кое ги зајакнува и вмрежува капацитетите на Младинскиот културен центар.
„Мueran Humanos“ се состои од Carmen Burguess и Tomas Nochteff, кои финкционираат како дуо од 2006 година. Прават страствена музика на шпански јазик, користејќи авангардни методи со панкерски став. Го заробуваат звукот на зградите надвиснат над поединецот и звукот што го прави поединецот како одговор: звукот на треперење и добивање слобода. Двајцата се по потекло од Буенос Аирес, каде што биле дел од бендовите Mujercitas и Dios.
Досега најавени артисти се канадското пост-панк трио Operators, хрватското мистериозно електропоп дуо – Nipplepeople, најпознати по нивниот хит Frka, кои за прв пат настапуваат во Скопје, како и претставниците на европската (односно берлинската) електро-сцена CONFORCE, VIVIAN KOCH, ALEX ACID, програма курирана од нашиот репрезент и берлински резидент STOJCHE, кој во духот на ЗДРАВО МЛАДИ селектираше нови, свежи и квалитетни артисти директно од европските клубски подиуми.
Наскоро следува и објава на нови артисти и содржини од фестивалот, а од денес цената на билетите е 400 денари и може да се купат преку продажната мрежа bileti.mkc.mk или на билетарницата на МКЦ.