Невладината организација СФЕРА за денеска организира отворен настан насловен „ГРАФИТИ КУЛТУРИ“ кој ќе започне во 11 часот, а ќе трае до 13 часот во паркот кај Офицерски дом (спроти тениското игралиште) во Битола.
Настанот ќе се состои од цртање графити, изложба на фотографии и прикажување на краток документарен филм.
Станува збор за активност која е дел од младинската размена „ГРАФИТИ КУЛТУРИ“ каде што учествуваа 30 млади уметници од: Северна Македонија, Грција, Португалија, Шпанија, Чешка и Полска и во текот на една недела изработија графити, фотографии и снимаа документарен филм инспирирани од различните култури во Европа.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.