[Галерија + видео] Љубов и револуција во Градски парк со Филхармонија и хорот „ПроАрс“

Љубов и револуција одат заедно. Тоа најдобро го покажаа оркестарот на Филхармонија, диригентот Џијан Емин и хорот „ПроАрс“ на синоќешниот концерт во Градски парк.

Ако првиот ваков концерт од пред една недела со музиката од познати цртани филмови будеше носталгија, овој изнуди енергија меѓу публиката која не издржа а да не заигра.

 

View this post on Instagram

 

Љубов и револуција одат заедно. Тоа најдобро го покажаа оркестарот на Филхармонија, диригентот Џијан Емин и прекрасниот хор ПроАрс. Вечерва во Градски парк во Скопје публиката имаше прилика да слушне аранжмани од култните Radiohead, Prodigy, Nirvana, Sex Pistols, David Bowie, Rammstein… Утре на нашиот сајт ќе може да прочитате осврт и галерија со фотографи од настанот. Follow @radiomof #инстаграмџииmacedonia #инстаграмџии #фотонаденот #фотонанеделата #ig_skopje

A post shared by Radio MOF (@radiomof) on

Се слушаа преработки на песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“…

Музиката не препозна генерациски разлики, па во еден момент можеше да се види како од најмало до најстаро скокаше и пееше на „Killing in the name“ од „Rage against the machine“, која беше изведена двапати.

Концертот траеше подолго од планираното бидејќи публиката постојано бараше уште, но добија две дополнителни песни. Коментарите од вчера, а и денес се – кога може да очекуваме нареден концерт на отворено?

* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.