„Трудот треба да се вреднува“ е пораката на графит кој се појави кај стадионот во Штип. Изработен е од група млади уметници.
„Порака од поранешни, сегашни текстилни работнички, активисти, млади од нашиот град и графити артисти“, соопштија од невладината „Гласен текстилец“, организатори на акцијата.
Уметниците претходно беа дел од работилницата „Активни простори на заедницата за граѓански промени” организирана од „Гласен текстилец“ и Факултетот за работи што не се учат.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.