Во галеријата Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена продажна изложба „Nos Creare” на 28 уметнички фотографии направени на различни локации во земјава од деца учесници на фото-сафари работилници.
Собраните средства од продадените фотографии ќе бидат наменети за купување фотографска опрема и компјутери кои ќе помогнат да продолжи учењето нови вештини и креирањето нови дела.
„Истовремено се гордееме со успешноста на процесот на деинституционализација што го води Министерството за труд и социјална политика со меѓународните партнери. Оваа работилница за фотографија е една од низата успешни приказни за едно општество за сите од која се видливи првите ефекти и напредок. Нашата цел е во наредниот период да ги збогатиме програмите за едукација со што слободното време на децата од малите групни домови ќе го посветиме на учење занимања, вештини и социјализација“, соопштија организаторите Ладислав Кинг и Вертиго креатив.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.