Собранието вчера ги донесе Законот за основно образование и Законот за наставници и стручни соработници во основните и средни училишта.
Со двојно мнозинство, Законот за основно образование го помина второто читање и стапува на сила од новата учебна година.
Министерот за образование Арбер Адеми рече дека новиот закон опфаќа анализи на кредибилни институции како што е ОЕЦД и УНИЦЕФ, но и дека содржи новини во интерес пред се, на учениците, како и на сите други вклучени во воспитно-образовниот процес.
Законот за основно образование во фокус ги има и учениците со посебни образовни потреби, а содржи и новини во однос на организирање на учениците, нивното учество во создавање политики во училиштата во коишто се запишани и каде што ја следат воспитно-образовната настава, рече Адеми. Законот ќе треба да ги елиминира и партиско – политички влијанија во образованието.
Исто така, се предвидува новина и во однос на поддршката која што им се дава на учениците и на родителите во однос на нивната професионална ориентација, наставници за организирање на физичкото образование и спорт, постигнување на професионални стандарди кои ќе треба да ги постигнат учениците при секој период на нивното образование. Покрај ова, новини има и во однос на квалитетот на исхраната.
На вчерашната собраниска седница, по второ читање беше изгласан и Законот за наставниците и стручните соработници. Негова цел ќе биде да обезбеди услови за постојано професионално усовршување на наставниците и стручните соработници како и овозможување на нивен кариерен развој за целиот работен век на наставниците и стручните соработници. Со овој закон ќе се мотивираат наставниците и ќе се подига квалитетот на воспитно-образовниот процес, стои во описот на новиот закон.
Новите закони може да ги прочитате на следните линкови:
Закон за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта