Со енергични настапи до три часот наутро синоќа во Струга започна 10-тото, јубилејно издание на фестивалот на електронска музика Green Beach.
Фестивалот го отвори македонскиот диџеј Балоски со свој сет од 22 часот, по што на сцената се појави еден од моментално најбараните техно артисти – Пол Калкбренер.
Публиката танцуваше и уживаше во настапот на Калкбренер, кој за првпат настапува во државата во рамки на неговата актуелна светска турнеја „Parts Of Life“.
Она што е карактеристично за него е тоа што настапува исклучиво во живо, правејќи ги неговите сетови секогаш непредвидливи. Така што публиката синоќа имаше уникатна прилика да го слушне врвниот уметник.
Во текот на вечерта, комбињата кои транзитираа од Охрид до местото на настапот беа исполнети до последно место.
Фестивалот продолжува и вечерва, со настапите на техно/хаус тандемот „Адриатик“ и македонските диџеи Давид Крстевски и Александар Младеновиќ. Ѕирнете на Инстаграм профилот на Радио МОФ за побитните мигови од фестивалската вечер.
Георги Божиновски/Мартин Колоски