Култниот метал бенд Soulfly во Скопје

Soulfly, култната бразилско-американска метал четворка предводена од Макс Кавалера доаѓа по трет пат во Скопје во рамки на актуелната турнеја за новиот студиски албум „RITUAL“, објавен лани во октомври.

Бендот се враќа во земјава по речиси 15 години од нивното последно гостување. Тие повторно ќе згрмат на 5 август во МКЦ.

Кавалера е поранешен член на Sepultura и важи за еден од најзначајните претставници на метал музиката на сите времиња. Новиот албум го опишува како tribal thrash death и враќање на звукот кој Sepultura го свиреше на „Chaos AD“.

Покрај Кавалера, Soulfly го сочинуваат Марк Ризо на гитара, Мајк Леон на бас и вокал и Зион Кавалера на тапани.

Како нивна предгрупа, на 5-ти август ќе настапи хардкор-метал бендот од Скопје Short Fuse Hero.

Оформени во 2014-та, нивниот прв настап е отворање за „Born From Pain“ (Холандија), „Smut“ и „Hardfaced“ во клубот „Хавана“ во Скопје. Од тогаш имаат многубројни настапи делејќи ја сцената со бендови како: „Nasty“, „Deez Nuts“, „Comeback Kid“, „United and Strong“, „Blood Shot Down“ и многу други. Нивниот албум „Back to Basics“ излезе во декември 2016-та, по што следуваа песните „Нарушување на Мирот“ feat. Димитар Савески од Hardfaced и „Inner Prison“. Пред извесно време завршија со снимање на новото EP. Short Fuse Hero се: Марин Миленкоски, Дино Мојсиловиќ, Филип Мирчевски и Петар Серафимов.