Културолошката иницијатива „5 до 12“ од Охрид утре организира денска дружба во градскиот скејтпарк.
На настанот кој ќе започне во 19 часот се повикани скејтери, блејдери, бајкери, но и секој што сака да се забавува со музичкиот дел.
„Забавата и некоја пијачка е обезбедено од наша страна, вие скејтот под рака и ве чекаме“, стои во најавата за настанот.
Оваа година за прв пат се одржува алтернативно културно лето во Охрид, кое е во организација на Kултуролошката иницијатива „5 до 12“. Идејата доаѓа од помислата да се подигне културната свест кај граѓаните и да се оствари поголема интеракција со туристите кои престојуваат во периодот на летото. Целта е да се даде една важност и акцент на она што го прават младите во Охрид. Од иницијативата велат дека овој настан е различен затоа што е несекојдневен и е достапен за сите.