Во склоп на програмата на Фестивалот „ДримОн“, во наредните денови неколку изуелни уметници ќе креираат заедничко уметничко дело во поранешниот кафе-бар „Синема“.
Фокусот на уметничкото дело е протестно реагирање кон начинот на уништувањето на природното светско наследство, за кое организаторите велат, се случува последниве неколку години во Струшкиот регион.
„Овој дел од Раздримување поточно претставува окупирање на простор кој е пред фаза на градежно уривање-исчезнување каде пред тоа да се случи, овие петмина визуелни уметници за момент преку нивното дело ќе се потрудат да испровоцираат, да натераат на размислување, освестување и поголема одговорност на надлежните фактори и личности кои се на некој начин одговорни за ситуацијата во која се наоѓа нашето природно наследство“, соопштија од „ДримОн Фестивал“.
Официјалното отворање на просторот е закажано за 10 август.
Претходно, на 3 август, во склоп на програмата се одржа дискусија на тема „Етичкото и естетичкото во социо-политичката уметност“.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.