Здружението на граѓани Гласен Текстилец го објавува конкурсот за прибирање на фотографии за фото – инсталација на тема родова еднаквост и насилство.
Конкурсот е дел од проектот „Преку едукација до подобрување на статусот на текстилните работнички и младите жени во општеството“, во склоп на Текстилијада 3, 2019 година, финансиран од Европската унија, суб-грантиран од The Kvinna till Kvinna Foundation и Организација на жените на општина Свети Николе.
Критериуми за учество:
- Право на учество имаат сите жители на Северна Македонија;
- Секој учесник може да учестува на конкурсот со една фотографија;
- Фотографиите кои се пријавуваат претходно не смее да биле објавувани на групни или самостојни изложби, весници, магазини или други промотивни материјали;
- Фотографиите кои што се пријавуваат не треба да ја нарушуваат приватноста на луѓето, односно сите лица кои се на фотографијата претходно треба да дадат согласност за нивно фотографирање и истото да биде приложено до Гласен Текстилец.
Технички критериуми:
- Фотографијата треба да биде во резолуција не помала од 15 мегапиксели;
- Фотографијата да биде во JPEG формат и резолуција не помала од 400 px во ширина или висина, а по можност поголема. Фотографиите треба да бидаат доставени во оргиналната големина, а не компресирани.
Со секоја испратена фотографија потребно е да се испрати и наслов или слоган на фотографијата.
Фотографиите и нивните наслови односно слогани, кои се пријавуваат не смеат да содржат било какво насилство, да навредуваат или пак да дискриминираат по било која основа.
Фотографиите се испраќаат на следната е-пошта: glasentekstilec@gmail.com,со CC b.disoski@gmail.com.
Во пораката треба да бидат испратени информации за авторот: име, презиме и контакт телефон.
Со испраќањето на фотографиите, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот.
Конкурсот трае од 13 август до 30 септември 2019 година.
Ќе бидат доделувани ваучери од СЕТЕК во износ од 3 000 МКД за освоено прво, 1 800 МКД за второ и 1 200 МКД за трето место. Фотографиите ќе бидат изложени на Градскиот плоштад Слобода во Штип на 12 октомври во 10:30 часот.
Фотографиите ќе бидат селектирани од тричлената комисија од Гласен Текстилец.
За повеќе информации обратете се на телефонскиот број 071 204 633 – Благојче Дишоски.