Која е причината за насилното и агресивно однесување меѓу младите, кое повторно беше актуелизано по трагичниот случај во скопско Лисиче, кога малолетник почина од убод со нож при физичка пресметка.
Во новата епизода на Мегафон зборуваме за насилството меѓу младите и неговите извори, но и за тоа дали државата има механизми со кои може да се спречат неетички, неодговорни и дискриминаторски појави во секојдневието кои ја шират спиралата на омраза и насилство.
Во подкастот разговараме со психологот Ана Попризова, едукаторката Ана Битољану, Сибел Амет од Хелсиншкиот комитет за човекови права, Катарина Синадиновска од СЕММ, Емилија Петреска Камењарова од АВМУ и со дел од средношколците кои ја креираа апликацијата „Speak Out“.