Вело-птичарска дружба – Европски денови за набљудување птици

Велосипедскиот кружок „Милтон Манаки“ заедно со Македонското еколошко друштво на 15 септември организира вело-птичарска дружба во Претор – Ресен – Стење.

Од кружокот „Милтон Манаки“ велат дека Преспанското езеро изобилува со богат растителен и животински свет. Оттука, иницираат поинаква дружба со цел да ги обележат европските денови на набљудување на птиците преселници.

„Ќе имаме можност да набљудуваме птици и да ги осознаваме нивните изгледи, движења и хабитати и сето тоа ќе го правиме на велосипед“, соопштува кружокот.

Од таму дополнуваат дека учесниците ќе научат што птиците сакаат и како да постапат за да ги зачуваат нив и нивните живеалишта.

За повеќе информации, заинтересираните можат да се обратете се на: miltonkruzhok@gmail.com