Во склоп на Проектот за младинско изразување ,„Youth Expression Project“ финансиран од Европската унија кој се спроведува од Младински образовен форум во соработка со Младински сојуз Крушево и Центарот за балканска соработка – Љоја, се отвора втор повик за доделување на грантови.
Целта на проектот е да се придонесе кон тоа младите да станат лидери во промоција на слободата на изразување, човековите права и интеграција и двигатели на промена за слободно и општествено одговорно инклузивно општество.
Повикот цели да ги оствари следните резултати:
Повикот за регрантирање цели да се создаде простор за позиционирање на младите преку тоа што ќе се подобри нивото на учество и вклучување, користењето на правата и слободите на младите и ангажираноста и влијанието на политиките на локално и национално ниво.
Преку финансирањето на граѓанските организации Проектот цели да ги оствари следните резултати:
- Организациите да креираат силни процеси за застапување и да изградат механизми за соработка со институциите и засегнатите страни;
- Активностите на граѓанските организации да се имплементираат на начин што ќе го зајакне младинското позиционирање и видливоста на младите и младинското учество;
- Активностите на граѓанските организации во процесот на ре-грантирање да го подобрат нивниот организациски развој и опсег;
- Застапувањето на граѓанските организации да биде врз основа на докази, односно преку методите на истражување, анализа и набљудување;
- Унапредени модели на младинско учество, организирање и вклучување во процеси на носење одлуки;
- Зголемено разбирање за основните права, зголемена инклузија на младите и имплементирање на успешни практики.
Вкупниот износ на средствата за финансирање на граѓански организации предвидени за овој повик изнесува 30.000 евра. Буџетите на предлог – проектите доставени на овој повик треба да изнесуваат минимум 1.000 евра, а максимум 7.500 евра. Се препорачува предлог-буџетот да биде приближно 5.000 евра. Времето на имплементирање на предлог-проектот не треба да биде подолго од 6 (шест) месеци.
Рокот за поднесување на проектните апликации е 30-ти септември 2019 година, до 17:00 часот. Апликациите поднесени на овој повик потребно е да ги содржат компјутерски и уредно пополнети документите наведени во листата на потребни документи, а се доставуваат во електронска форма на адресата yep@mof.org.mk.
Листа на потребни документи за целосна апликација
Граѓанските организации потребно е да ги поднесат нивните апликации преку користење на формуларот за аплицирање, кој ги вклучува следните составни делови:
- Формулар за аплицирање (линк);
- Скенирана копија на последната страница од формуларот за аплицирање (со печат и потпис);
- Формулар за буџет (линк);
- Копија од тековна состојба, не постара од 6 месеци од денот на објавување на повикот;
- Наративен и финансиски извештај за работата на организацијата за 2018 г. или линкови до истите;
- Работни биографии (CV) на проектниот тим;
- Копија од ревизиски извештај за 2018 година (опционо).
Дополнителни информации
За дополнителни информации кои се однесуваат на поднесувањето на апликациите заинтересираните апликанти може да се обратат со прашања на yep@mof.org.mk со назнака [Инфо] Повик за регрантирање, најдоцна до 23-ти септември 2019 година за да може да добијат одговори на време, пред истекот на крајниот рок. Проектот ќе биде организира и информативна сесија за заинтересираните апликанти на 19-ти септември 2019 г. во Граѓанскиот ресурсен центар со почеток во 12:00 ч.
Повеќе детали за типовите на активности, подобните трошоци, критериумите за одлучување и начинот на аплицирање можете да најдете во документот „Повик за регрантирање“ и „Упатство за буџетирање“