Испровоцирани од последната изјава на владиката Петар, распеаните Скопјани викендов решија да го поздрават со една комична класика од Монти Пајтон за апсурдноста на црковните верувања во однос на сексот, репродукцијата и планирањето на семејството.
Застанати на истото место каде некогаш ја исепаја „Mercedes Benz”, тие овојпат укажаа дека владиката ја разбира улогата на жената онака како што авторите од „Скопје 2014“ ја замислуваат 23 века назад во историјата: како мајка на доенче, мајка на бебе, мајка на дете и, на крај, мајка на војник.
„Потчинетоста на жената во семејството очигледно не е само заложба на владиката Петар, туку и реалност која, наместо да ја исправаме, во 2013 година само ја шириме и зацврстуваме“, посочуват распеаните Скопјани.