Денеска на Земјата се враќа канадскиот астронаут Chris Hadfield, кој стана познат по тоа што често твиташе од вселената и испраќаше интересни едукативни видеа објавени на каналот на Канадската вселенска агенција на Youtube, Покрај тоа што го забавуваше светот со неговите поетски твитови, извонредни фотографии и лекции за изведување на наједноставните активности во бестежниска состојба, Hadfield го почести светот и со посебна музичка изведба. Тој на Меѓународната вселенска станица го преработи хитот на David Bowie „Space Oddity“, издаден во 1969, годината кога Neil Armstrong стапна на Месечината. Самиот Bowie, преку Твитер го поздрави авторот на спотот, а видеото на Youtube за помалку од 24 часа го виделе речиси два милиони луѓе.